Македонија
26. December 2016 - 11:10

Годишна изложба на Здружението на уметници „Ум“ од Виница

Во галеријата „Венеција“ во Виница синоќа е отворена Годишната изложба на Здружението на уметници „УМ“ – Виница во кое членуваат дваестеина ликовни уметници од овој крај. Во присуство на голем број љубители на ликовната уметност изложбата ја отвори Иво Пецов, ликовен уметник од овој град.

-Со секоја нова изложба, секој член на здружението ја покажува уметноста и светот онака, како што го доживува. Нашето Здружение ни помогна да ги засилиме контактите со што се засили и информираноста и интересот за она што секој од нас го создава. Делата на авторите се во специфичната за секој пооделно област, насока и стил, истакна Пецов.

На завршната изложба за 2016 година со ликовни дела се преставуваат еден дел од членовите на „Ум3 и тоа: Гордана Вренцоска, Дејан Спасов, Катица Алексова и Иво Пецов, а свои дела изложуваат како  гости и ликовните уметници  Гоце Стоилковски и Маријана Иванова.

Годишната изложба на дела од членовите на Здружението за уметност„Ум“ од Виница ке биде отворена до средината на јануари наредната година.