Џет-Сет
22. јуни 2016 - 15:28

Годините не и можат ништо, еве како изгледа денеска Тајчи

Тајчи далечната 1987 година се појави првпат на Загреб фест со песната "Noć od kristala" и така ги маѓепса Југословените и стана ѕвезда во најава/

Буквално сите девојчиња во тие години сакаа розево фустанче какво што носеше Тајчи на настапот во 1990 година кога го отпеа својот мегахит „Hajde da ludujemo ove noći" со интересна кореографија.

На македонската публика и е позната повеќе и од настапот на Макфест во 1988 година кога ја испеа песната „Кабала“ на македонски јазик.

Со својот стајлинг, големата харизма и целокупната појава, Тајчи го освои милионскиот аудиториум. Судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, таа оизгледа одлично и покрај годините и се уште има одлична енергија.

Денеска Тајчи односно Татјана Матејаш Камерон има 46 години и живее мирен семеен живот во Америка, поточно во Лос Анџелес. Среќно е мажена, мајка на три момчиња и на социјалните мрежи често објавува фотографии од своето семејство.

Се сврте активно кон пишувањето и неодамна е објавена и нејзината прва книга.