Македонија
17. November 2016 - 17:21

Годинава зголемен е бројот на деца со големи сипаници во Македонија

Зголемен е бројот на деца со големи сипаници во Македонија.  За 10 месеци во ИЈЗ регистрирани се над 7.500  случаи што е двојно повеќе од цела 2015 година. Само во октомври пријавени се 703 заболени. Најголемиот дел се деца кои одат во градинка. Неколку со компликации побарале лекарска помош и на Инфективна. Според епидемиолозите,  климатските промени се една од причините за ширењето на овчата сипаница и зима и во лето.

-Порано се знаеше дека беа од сезонски карактерт, но сега ги има постојано. Има и во февруари и во март и во јуни. Климатските промени и високите температури се и како причина за ваквиот тренд на ова заразно заболување, вели д-р  Јованка Костовска, државен советник во МЗ

Варичелата е заразно заболување кое  брзо се шири. Во група од десет деца ако едно е со овчи сипаници, дури 7 до 8 ќе заболат . Најдобра превентивна мерка е заразениот да биде во домашни услови.  Инкубацијата трае од  10 до 23 дена до  појава на  симптомите. Осипот може да ги зафати сите делови од телото.  Оваа сипаница е најзаразна два дена пред и два дена по појава на меурчињата. Вакцината за големи не е задолжителна.