Бизнис
14. August 2018 - 21:41

Годинава земјава ќе ја посетат над милион туристи

Се зголемува бројот на домашните и странските туристи.Македонија останува привлечна со своите природни убавини и културно историските знаменитости.Во јуни годинава споредбено со изминатата истиот месец бројот на посетителите е зголемен   за 20 ,7,а ноќевањата за 23,4 отсто.

Министерот за економија Бектеши вели дека стратегијата за развој на туризмот дава добри  резултати, очекувањата земјава до 2020 година да ја посетат милион туристи ќе се достигне годинава.

Министерот Бектеши потенцира дека со зачленувањето на земјава во НАТО ќе се отстрани и последната пречка за зголемување на бројот нa туристите а тоа е сигурноста и безбедноста на Македонија за што туристите често пати прашувале.

Инаку според податоците на државниот завод за статистика во првите шест месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 16,4 посто и тоа кај домашните за 9,3 додека кај странските гости има зголемување за 19,8 отсто.