Балкан
27. August 2017 - 12:48

Годинава рекорден број пожари во Хрватска

Пожарите регистрирани во Хрватска оваа година достигнаа рекорден број, објави националната телевизија ХРТ.

Од почетокот на годината, над 5.800 пожари биле регистрирани во земјата, кои уништија речиси 85.000 хектари земјиште. Ова се 22.000 хектари повеќе од вкупната плоштина уништена во пожар во периодот 2013-2016.

Досега, полицијата откри дека најмалку 39 од пожарите биле намерно запалени, а само во последните две недели приведени се 17 лица осомничени за намерно подметнување пожар.