Loading Video...
Тенис
26. March 2020 - 13:54

Годинава најверојатно без „Светското тениско првнство“ – Вимблдон

Англичаните се во големо искушение. Организаторот на неофицијалното Светско тениско првенство „Вимблдон“ најавија дека следната седмица, ќе донесет одлуката за одложување или за комплетно откажување за тенискиот грен-слем. 
 
Откако Французите го презакажаа „Роланд гарос“ за крајот на септември, една седмица по „УС Опен“ сега организаторите на „Вимблдон“ ги разгледуваат можностите, турнирот кој беше закажан во периодот од 29.јуни до 12.јули, да се игра во нов термин. 
 
Но, имајќи во предвид дека во светот на тенисот не се само Грен-длем туририте, туку и останатите од АТП и ВТА серијата, а ги има многу што беа одложени и откажани, голема е веројатоста дека годинава нема да се игра „најпрестижниот“ светски тениски турнир.