Бизнис
21. December 2018 - 16:22

Годинава најлоша за градежништвото - коморите се жалат дека секторот тоне

Црна година за градежништвото. Коморите се жалат дека секторот тоне, очекуваат догодина да почнат да работат и државата да ги реализира парите наменти за капитални инвестиции. Освен што не се реализираа капиталните проекти, годинава состојбата дополнително ја влоши мораториумот за градба во општините и укинувањето на деталните планови што ги чинеше градежните фирми повеќе милиони евра.

Министерот Сугарески вели дека нема ингеренции да се меша во работата на општините, но пред градежниците денеска рече дека постојано им сугерира брзо да ги изработуваат плановите.

Цела година градежниците се борат со оспорување и укинување на плановите каде купиле локации и треба да градат. Еден од инвститорите во Карпош обвини дека општинската администрација и покрај платените комуналии го одолговлекувала издавањето одобрение за градба, а потоа Уставниот суд во укинал ДУП от.

За надминување на кризата во градежништвото кое треба да биде носител на растот во државата, Коморите побараа, а Сугарески вети дека наскоро ќе бидат предложени нови Закони за урбанистичко планирање и градење.