Годинава ќе завршат градежните работи на пругата Битола-Кременица
Градежните работи на пругата Битола-Кременица се очекува да завршат до крајот на годинава, согласно податоците на изведувачот. Досега 90 проценти од градежните работи се веќе завршени.
Пругата е со должина од 17 километри, во рамки на кои се веќе изградени: 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и нова зграда за сигнализација и телекомуникации во областа Жабени. Поставени се нови шини и прагови во должина од 18 километри, како и нов оптички кабел во иста должина.
До крајот на годината, соопшти денеска Министерството за финансии, изведувачот ќе работи со машиниско регулирање на нивото на колосекот на проектираната висина, на осум патни премини, на зградата на магацинот во Жабени и на поставување на опремата за сигнализација и телекомуникации.
Градежните работи на пругата од Битола до Кременица, започнаа во февруари 2018 година. Изведувач на проектот е STRABAG Rail Gmbh во конзорциум со STRABAG AG од Австрија. Вредноста на потпишаниот договор изнесува 17.1 милиони евра. Договорот со претходниот изведувач од Бугарија беше прекинат во 2016 година поради слаба реализација на проектот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари
-
Песков: Русија нема намера да ги врати окупираните територии на Украина
-
Град Скопје: Трајановски не може да даде оставка бидејќи е разрешен пред три месеци
-
Заменик-градоначалникот на Град Скопје Александар Трајановски поднесе оставка: „Со јавните претпријатија владее екипа од Сарај и ДУИ“
-
732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
-
Работнички последен полуфиналист во одбојкарскиот Куп
-
Приведени двајца дилери од Битола, пронајдена дрога
-
Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага