Бизнис
14. February 2017 - 19:47

Годинава ќе се градат рекорден број на патни правци, каде ќе се вложат 300 милиони евра

Рекорден број на патишта ќе се градат и реконструираат годинава, соопшти министерството за транспорт.

Градежни активности ќе има на 40-на проекти составени од автопати, експресни, регионални и локални патишта.

Покрај тековната изградба и реконструкција на шест автопатски делници, годинава ќе започне и обновата на 22 километри автопат од Миладонивци до Кумнаново и делницата Велес – Градско од 20 километри.

Во фаза на проектирање се два нови автопати, Гостивар – Кичево во должина од 42 километри и Скопје- Блаце со 13 километри должина.

Годинава почнува градбата на уште три експресни патишта, Штип – Кочани, Штип – Радовиш и Ранковце – Крива Паланка.

Ќе се реконустрираат и 37 регионални патишта.

Стенд ап: Покрај инвестициите во веќе отпочнатите проекти, во нови патишта годинава ќе се инвестираат над 300 милиони евра.