Живот
25. September 2018 - 14:47

Година дена се продава: Дали би живееле во куќата на Хари Потер?

Куќата во која е роден волшебникот Хари Потер и понатаму е на продажба една година откако е објавен огласот.

Куќата од 14 век во областа на Лавенхам е на продажба од минатата година и има достигнато цена од скоро милион фунти.

Агентот за недвижности вели дека куќата се уште не го пронашла првиот купувач.

Инаку куќата беше дел од филмовите за Хари Потер и го има задржано истиот автентичен изглед од минатото до денес.