Македонија
7. July 2019 - 16:09

Гоце Делчев и натаму една од главните теми во бугарската политика

Гоце Делчев е заедничка историска личност за Македонија и Бугарија која треба да не обединува како народи вели бугарската министерка за надворешни работи во интервју за БНТ. По застојот во преговорите помеѓу двте комисии за историски прашања, Захариева ги омекнува ставовите по ова прашање, но и натаму тврди дека вистината е дека Гоце Делчев е истакнат бугарски револуцинер.

   Гоце Делчев би требало да нѐ обединува, а не да нѐ разделува. Имаме заедничка историја, така вели и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Она што сака да го каже Бугарија во овој договор, е вистината – Гоце Делчев е Бугарин, истакнат револуционер, еден од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономијата на Македонија.

Не гледам што толку се караме за него, би требало оваа личност да да нѐ обединува, а не да нѐ разделува“, рече Захариева во разговор за „БНТ“

Наспроти Захариева, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ја заострува реториката, се тврдење за ова прашање не може да се преговара бидејќи пред 1944 година макеоднската нација воопшто не постои. Во одговор на ставовите на професорот и предводник на македонскиот тим историчари Драги Ѓорѓиев за Сител дека договор нема да има ако бугарските историчари инсистираат дека Гоце Делчев е Бугарин, Џамбаски вели дека тоа е проблем на Македонија, а не на Бугарија. За ова прашање вели ако треба ќе преговараме уште 1000 години.

За  10 години можеби нема да преговараме со професорот Драги, туку веројатно со некој друг професор со албанско потекло. Колку треба – толку ќе преговараме, не сме го завршиле националното обединување 100 години, 10 години се ништо од аспект на историјата“, вели Џамбаски, додавајќи дека бугарскиот  национален интерес е меѓу Охрид и Црно Море да нема граница бидејѓи на оваа територија живее еден ист народ – бугарски“, констатира бугарскиот европратеник.