Џет-Сет
17. April 2018 - 12:10

Гоца Тржан ја поддржа Наташа: Распали по Лазукиќ и го спореди со својот поранешен сопруг кој сега е ѕвезда во реално шоу

Јавноста ја шокираше веста дека Наташа Беквалац е претепана од сопругот Лука Лазукиќ и тоа само месец дена по породувањето.

Гоца на Твитер распали по Лука, но и го спореди со поранешниот сопруг Иван Маринковиќ кој сега е учесник во шоуто „Парови“.

Да потсетиме, Беквалац во саботата рано утрото околу 4 часот, беше претепана од сопругот која наводно пијан се вратил дома, а Наташа му пронашла слики со други жени во мобилниот телефон. По кавгата, ИТ експертот ја нападнал и пејачката добила тупаница во глава и повреда на окото. Наташа заврши на Ургентен, а Лука доби забрана да и се доближува на пејачката.