Македонија
8. September 2017 - 16:05

ГОБ ,,8. Септември‘‘ најверојатно ќе стане и центар за згрижување на зависниците од дроги

Во две скопски болници кои имаат неискористен капацитет најверојатно ќе бидат направени центри за зависници од дрога. Министерството за здравство го најави ова како можно решение на хаосот кој настана со префрлање на пациентите кои земаа метадонска терапија во Клинички во Центарот во Кисела Вода.

Сега таму има 450 зависници кои не само што прават гужбва туку ги револтираат и граѓаните кои секојдневно се сведоци на игли и крвави шприцеви. Според информциите на Сител, Градската општа болница 8-ми септември е една од установите каде ќе бидат дислоцирани пациентите од Кисела Вода.

-Неофицијално дознаваме дека планот на здравствените власти е Центарот да биде отворен во задниот дел од болницата со што пациентите кои ќе доаѓаат по метадонска терапија нема да имаат контант со останатите болни. Се уште не е договорено дали тука би биле префрлени сите 450 зависници од дрога кои се во Кисела Вода.

Втората установа која ја разгледувале од Министерството за здравсто е во општина Аеродром, но како што дознаваме таму нема да наидат на одобрување ниту од медицинскиот персонал ниту од жителите. Министерот Таравари со чија одлука беа префлени пациентите од Клинички во центарот во Кисела Вода, вели дека е свесен за проблемот како и револтот кај граѓаните.

-Долгогодишен проблем е тоа, за да се изгради нов цента рќе треба и повеќе од една година, вели Арбен Таравари, министер за здравство.

Зголемувањето на бројот на зависници во Центарот во Кисела Вода уште повеќе ги револтира и загрижи жителите од овој крај. Оваа вест според информациите на Сител била главна тема на родителските состаноци во училиштата. Бараат да заврши деценсиката голгота во која секојдневно гледаат расфрлани шприцеви а децата никако не ги пуштаат сами ниту да одат ниту да се враќаат од училиште.

Изминатите десет години имало неколку предлози за решавање на проблемот, но никој не успеа да го дислоцира Центарот од Кисела Вода.