Балкан
8. April 2017 - 9:56

„Го земав ножот од нејзините раце и се прободев во градите“- Љубовна кавга која за малку ќе завршела трагично

Сообраќајниот техничар во Задар, познат под надимакот Лонац сведочел против неговата девојка Ерика, која е обвинета за обид за убиство.

Љубовната кавга помеѓу Ерика и Лонац започнала откако тој ја навредил затоа што веднаш не дошла кај него во стан, туку била во кафе бар.

Пред кавгата Лонац испил 10 до 5 пива, 15 виски, но и конзумирале дрога. Иако, прво не се знаело кој го забодел Лонац, плицијата ја обвинила Ерика. Таа на судот изјавила дека не се чувствува виновно и сака што поскоро да заврши овој случај. Но, и Лонац сака таа да биде ослободена:

-„Заљубен сум во Ерика. Откако се скаравме и реков: „Ајде, убиј ме ако сакаш“. Го повлеков ножот од нејзините раце и се забодев во градите. Таа ми го спаси животот бидејќи раната ми ја притискаше. Никогаш претходно не сум и дал нож да ме убие, иако во една прилика таа замавна со нож и ја погоди фотелјата.“- просведочи Лонац.