Живот
8. January 2017 - 12:57

Го вратила внукот во болница бидејќи е премногу грд

Повозрасна жена од градот Санта Марта во Колумбија не сака да го прифати внукот бидејќи е премногу грд.

Таа заедно со нејзината ќерка дошла во болницата каде се родило бебето  и барала од медицинскиот персонал да и го дадат „правото бебе“ наместо грдото.

- Госпоѓата тврдеше дека децата се заменети и оти е невозможно нејиниот внук да биде грд, тврди медицинскиот персонал.

Лекарите ја убедувале бабата дека немало замена на бебињата по што таа разочарано се вратила дома.

- Бебето е здраво. Уште еднаш го прегледавме и ги испративме дома, а бабата ја упативме на психијатриско лекување, истакнаа лекарите.

Според колумбиските медиуми, бебето е дома со своето семејство, а бабата редовно оди на терапии.