Живот
21. August 2018 - 13:49

Го воодушеви светот: Полицајка надои болно бебе во болница

Полицајка која била на должност во една аргентинска детска болница, реагираше инстинктивно, мајчински, кога во установата било примено неухрането бебе, претходно пронајдено како живее во тешки услови.

Имено, Селесте Ајала, која и самата e од неодамна мајка, веднаш забележала дека болничарите имаат премногу работа, па се понудила да го прими бебето и да го нахрани.

- Забележав дека тоа е гладно. Ги прашав дали смеам да го прегрнам и надојам. Беше тоа тажен миг, ми се скрши срцето кога го видов. Општеството треба повеќе да се грижи за овие деца, изјави Ајала за локалните медиуми.