Живот
22. September 2018 - 20:38

Го викаат ѓаволско дрво зошто крие ужасна тајна: Проколнатиот даб никој не успеа да го исече, секирите се кршеле, пилите се расипувале

Неколку луѓе се обидоа да пресечат даб поради злокобни гласани за сатанисти, но на древното дрво ниту една секира или пила не му можела ништо. Кога се обиделе да го оборат со рачна пила, од алатот испаднале сите запци.

Оук Хемок Парк во градот Порт Сент Луис во сојузната американска држава Флорида денеска е омилено шеталиште, но стариот даб во себе крие страотна приказна.

На осми јануари 1973 година, многу години пред да настане хамок парк, на истото место делувал серискиот убиец Џон Шефер, кој таму силувал и убил две тинејџерки, а потоа нивните тела ги закопал под дабот.

Шефер инаку бил поранешен полицаец од Флорида, кој ги признал само тие две убиства, а се верува дека е одговорен за смртта на повеќе од 30 жени.

Четири години подоцна, во јануари 1977 година, двајца мажи пронашле два скелети, а крај нив и јаже за бесење. Од тогаш во крајот кружат гласини за секти и сатанисти кои таму ги изведуваат своите ротуали, а тоа наводно биле остатоци од нивните состаноци.

Пред на ова место да изникне парк, неколку луѓе се обиделе да го исечат дабот поради злокобните гласини за сатанисти, но на древното дрво ниту една секира не му можела ништо. Кога се обиделе да го исечат со рачна пила, од алатот испаднале сите запци.