Го викаат човекот - чудовиште: Телото и лицето му се покриени со тумори, и детето се плаши од него
Шадот Хосан (47) страда од генетско нарушување и поради тоа има стотици тумори кои му го покриваат телото.
Се верува дека страда од неурофиброматоза, која доведува до тоа неканцерогени тумори да му се појавуваат по целото тело.
Тој е во трка со времето зошто му е потребна операција со која ќе се отстранат туморите и ќе му се спаси видот. Туморите се прилично големи, така што не може да носи облека и има потешкотии со исхраната.
Изгледот му е толку екстремен, што и неговиот син Абдула (12) се плаши да го погледне.
Овој татко на три деца живее во Бангладеш и рече дека му е тешко да живее со болката која ја чувствува.
-Не можам да одам надвор, зошто децата се плашат од мене и ме нарекуваат чудовиште. Не бев отсекогаш ваков. Како момче бев многу згоден, вели тој.
Вели дека и неговиот син Абдула не сака да разговара со него. Истакнува дека го разира зошто не може ништо да направи за него и семејството.
Морал да ја напушти работата зошто поради својата болест не можел да работи. Без редовни приходи не можел да си дозволи лекарства и отстранување на туморите.
Неговата сопруга (39) знае точно низ што поминува тој и поради сиромаштијата со која се соочува семејството.
-Тој сега не може да работи ништо. Потребна му е помош и за да се соблче и да оди во тоалет. Селаните ни носеа облека, зошто јас не можат да заработувам. Сопругот ми е болен и мора да го прифатам тој факт. Нашите две ќерки се омажија, а поради парите не можам да го пратам синот на училиште, вели таа.
Кога првпат ја запознал својата сопруга Шадот имал тумори но се уште можел да води нормален живот.
Првиот тумор го забележал на 13 години, а во последните 5 години состојбата нагло му се влошила.
Доктор Махмудул Хасан вели дека никогаш не видел пациент во ваква состојба.
Семејството е без пари за лекување и приморани да се потпираат на луѓето со добра волја.
Погледнете го видеото кое е со вознемирувачка содржина:
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште