Македонија
14. October 2018 - 15:13

Го сретнала поранешниот партнер во кафеана и почнал да и се заканува и да ја тепа - полициски службеник под истрага

Жена била уценувана и физички била нападната од полцииски службеник кој и бил љубовник. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 15.00 часот во Полициската станица Тетово, жена од тетовско, пријавила дека била уценувана и физички нападната од лицето Ф.А. – полициски службеник во Полициското одделение Камењане, поради тоа што не сакала да ја продолжи врската со него. Според пријавата, жената ја прекинала врската со Ф.А. пред една година и оттогаш одбивала да се сретне со него.

Пред една недела, додека жената. била во угостителски објект, дошол Ф.А. и и се заканил дека ќе ги објави нивните заеднички фотографии и видеа и дека ќе каже на нејзиниот татко и нејзииот сопруг дека му била љубовница. На 13.10.2018 година околу 12.50 часот, додека жената била на  работа, дошол Ф.А. и физички ја нападнал. За случајот веднаш е запознаен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.