Македонија
1. October 2016 - 12:27

Го славиме светецот кој се жртвувал за сиромашните

Во седмиот век по Христа, на островбот Крит заблеска незазлената Христова светлина во Гортинскиот епископ Евмениј. Овој се беше откажал од богатството, раздавајќи го на сиромашните, уште во својата младост. Потоа стана монах и со молитва и пост ги преобрази душата и телото, издигајќи се до мерата на Богочовечкиот Христос. И како што светилникот не може да се скрие во огромното пространство зашто го издава неговата светлина, така и Евмениј не можеше да се скрие од светот. Народот дозна за него и го избра во Гортина. Како епископ беше татко на сирачињата, богатство за сиромашните, утеха за ожалостените, лекар за болните и прекрасен чудотворец. Земниот живот го заврши во Тиваида.