Македонија
5. January 2016 - 17:04

Го штити ли Катица Јанева прекршувањето на договорот од Пржино?

“Го штити ли Катица Јанева прекршувањето на Договорот од Пржино?“. Ова прашање се погласно се поставува во јавноста откако Специјалното јавно обвинителство цела недела молчи и не дава информации околу тоа дали Зоран Заев ги предал сите 600 илјади прислушувани разговори или на ден пред Нова Година заедно со Катица Јанева организираа вистински театар за граѓаните и во специјалното Јавно Обвинителство внесоа 6 празни картонски кутии и еден неупотребуван хард диск.

Заев согласно договорот од Пржино и во пресрет на посетата на Хан мораше да ја испочитува обврската и на Јанева да и ги достави сите 600.000 прислушувани разговори кои тврдеше дека ги поседува.

Доколку Заев ги предал снимките, Јанева согласно Законот за кривична постапка е должна да изготви записник во кој прецизно ќе наведе што точно примила од лидерот на СДСМ и во колкав број.

Сител согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер до Специјалното обвинителство достави официјално барање со кое бара одговор на добро познатите прашања. Дали Катица Јанева го испочитувала законот и изготви записник за преземени дејствија и според него, колку прислушувани разговори предал Зоран Заев?

Молкот на Јанева во јавноста носи и нова дилема. Дали Заев воопшто поседува 600.000 прислушувани разговори или бројката на почетокот на минатата година ја постави само да може да ја манипулира јавноста дека толкав обем на прислушувани разговори може да приберат само државните тајни служби. Во прилог на ова зборува и изјавата на Заев дадена по предавањето на картонските кутии каде на новинарско прашање избегна да каже колкав број на разговори и предал на Јанева.

Експертите уште веднаш по назначувањето предупредија дека од Катица Јанева не треба да се очекува објективност бидејќи како што тогаш најавија, нејзината улога ќе биде само да ги заштити виситнските нарачатели и спроведувачи на прислушувањето на највисоките државни органи во Македонија и да одработи во корист на кампањата на СДСМ пред пролетните избори.
За својот ангажман Јанева немаше проблем да наплати над 4 милиони евра годишно народни пари. Но освен македонските граѓани за нејзиниот семен буџет се грижат и странски невладини организации. Порталот Нетпрес пишува дека нејзиниот син преку странска невладина организација месечно инкасира по неколку илјади евра за наводен ангажаман во бегалската криза.