Го ранил со пиштол па го дотепал поради претходен конфликт за наводнување на нива
На 30.07.2020 во 20.40 часот во Кочани од полициски службеници од Полициска станица Кочани бил лишен од слобода А.Д.(70) од Кочани, по добиена пријава од Итна медицинска помош од Кочани дека околу 19.00 часот, на место викано „Горно Подлошко“, во атар на с.Тркање, кочанско, по претходно нарушен јавен ред и мир околу наводнување на нива, А.Д. со пиштол пукал кон С.И.(49) од Кочани, по чие кажување бил погоден во стапалото, а потоа бил и физички нападнат од него. С.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Кочани.
Полициски службеници од А.Д. одзеле пиштол „Застава М70“ кал.7,65мм, празна рамка, куршум и лопата. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициска станица Кочани.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија