Балкан
9. May 2016 - 11:17

Го претепала мажот до смрт, синот и помогнал - детали за трагедијата што го потресе Балканот

Телото на Роберт Курина (43) од Суботица е пронајдено вчера крај патот во Савска улица, на периферијата на банатското село Остојиќево кај Чока.

Под сомневање дека извршиле убиство, полицијата ја уапси невенчаната сопруга на Роберт Е.М. (34) и Б.Б. нејзиниот син од претходниот брак, кој неодамна стана полнолетен.

На убиството наводно, му претходела кавга на невенчаните сопружници, по што Е.М. го напуштила Роберт и се вратила во Остојиќево кај својата мајка. Двајцата осомничени се товарат дека на Робет Курина му нанеле тешки телесни повреди со тап предмет од кои починал на самото место.

На Е.М. (34) од Кикинда и нејзиниот син Б.Б. (18) од Бечеј им е одреден притвор од 48 часа, под сомнение дека извршиле убиство.