Живот
20. February 2016 - 14:54

Го препознавате ли малото суштество на фотографијата - Кога ќе порасне може да тежи повеќе од половина тон!

Сабјарка е вид на риба која може да расте над 4 метри и да достигне тежина од 650 килограми. Станува збор за предатор кој се храни со риби, ракови, а заштитен знак и е мечот кој го има на врвот од носот.
 
Ако некогаш сте посакале да видите како изгледа „морскиот гладијарот“ можете да погледнете на фотографијата која ја направил Хуан Левеск.
 
- Додека се млади сабјарките растат и до 35 сантиметри годишно, но околу осмата односно деветтата година нивниот раст забавува. Женките обично се поголеми, побрзи и подолго живеат, - изјавил Хуан во интервју за „Florida Sportsman“ магазинот.