Џет-Сет
6. February 2017 - 16:29

ГО ПОКАЖА ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ: Џоли го најави својот нов филм, а сите зборуваат за нејзиниот изглед!

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли го најави својот нов филмски проект „First They Killed My Father” и ги израдува фановите, меѓутоа, тоа што најмногу привлече внимание е тоа како изгледа сега и колку килограми има.

Анџелина во најавната снимка за својот нов филм е во бела маица на прерамки, без шминка, и иако не изгледа како да има 35 килограми, како што се зборуваше со месеци, нејзиното лице според мислењето на многумина остава впечаток дека е исцрпена.

Фиклмот „First They Killed My Father” е приказна за борбата за човековите права во Камбоџа, а ова е прво видео од проектот на Џоли.

Погледнете го видеото: