-->
-->
Го победи ракот, па исплива прва до светиот крст: Јована од Србија со својот говор ги расплака сите
-->
Гимназијалката Јована Лепосавиќ (18) прва доплива до светиот крст денеска во Земун, јавуваат српските медиуми. Младата белграѓанка која пред четири години ја добила битката со ракот, победничкиот говор го посветила на сите пријатели кои се борат со тешката блест, но и на оние кои, за жал, повеќе ги нема.
- Ви благодарам на сите кои учествувавте и кои ми дозволивте прва да стигнам. Овој триумф ми значи многу бидејќи е во чест на моите другари кои се лекуваат од канцер и на оние кои не се повеќе со нас - изјави Јована
Нејзините зборови расплакаа дел од присутните. Лепосавиќ прва стигна до крстот од вкупно 243 пливачи кои се пријавиле на настанот. Сите како вистински џентлмени ја пуштиле таа прва да доплива до светиот крст.
Откако се излекувала, Јована практикува активен живот, спортува и е член на женскиот фудбалски клуб „Црвена ѕвезда“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата