Живот
9. September 2015 - 17:30

Го паркирал автомобилот на плажа, кога се вратил се шокирал!

Еден несовесен возач го паркирал својот автомобил на плажа, па набрзо тоа завршило во морето.
 
Мислејќи дека е безбедно на плажата, сопственикот го оставил своето Ауди А6 премногу блиску до водата.
 
За само неколку минути, целиот автомобил бил проголтан од морската плима, а сето тоа го снимил случаен минувач.
 
На терен искочиле и спасувачките служби, но прекасно. Биле отворени прозорците, па водата уште полесно го потопила возилото.