Го одбила вториот состанок со него: Неговата реакција станала хит на интернет!
Една Британка добро ја запознала грдата страна на состанокот на слепо. Преку интернет запознала едно момче, отишла на прв состанок со него и не сакала да се повтори. Неговиот одговор на нејзиното одбивање се проширило на социјалните мрежи.
Нивниот прв состанок траел 45 минути и тоа ѝ било доволно на оваа девојка да сфати дека тој не е тој.
„Мило ми е што се запознавме, навистина си љубезен, но јас сум доста резервирана и сфаќам дека не сме еден за друг и не сакам повеќе да го трошам своето време“,- му одговорила девојката со порака.
Тој инсистирал да излезат на втор состанок, па ѝ се понудил сам да приготви вечера. Нејзиниот одговор и после тоа бил не.
А потоа се случила и неговата порака.
„Со оглед на тоа дека не си фер и дека нема да ни дадеш втора прилика, љубезно те замолувам да ми ги вратиш парите за пијалокот што ти го платив. Износот е 4.5 фунти, а ова е бројот на мојата сметка“, - порачало момчето.
Му возвратила со зборовите дека сега е потполно сигурна дека не сака било каква врска со него. Неговите пораки и понатаму стигале.
„Проверувам дали ми ги префрли парите на моја сметка“, - напишал.
Нивниот разговор го објавил пријателот на оваа девојка, а некои го опишале момчето со овие зборови: „Неславниот Ромео ја уби својата романтика“.
Ново на Сител
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592
-
Двојна предност на Силјановска пред Пендаровски од 50,3% обработени гласа
-
ДИК: 46,36% oбработени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 13,44% од гласовите - Силјановска Давкова 109.692, Пендаровски 48.553