Македонија
17. July 2018 - 15:06

Го носел дневниот промет, го пресретнале тројца, па му извадиле пиштол, но успеал да ги надмудри

Скопјанец успеа да им избега на тројца криминалци кои го пресретнале додека го разнесувал дневниот промет на фирма. Според информациите на полицијата, вчера во 11,15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје А.О. (53) пријавил дека во с.Арнакија-скопско додека управувал патничко моторно возило, а во возилото носел дневен промет од фирма, го пресретнале три непознати лица кои биле со патничко возило, а двајца од нив имале оружје. А.О. го стартувал своето возило и избегал, по што случајот го пријавил во полициска станица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.