Живот
30. July 2019 - 13:05

Го нападнала змија, па тој решил да и се одмазди - несекојдневна случка во Индија

Неверојатен случај се случил во Индија кога еден човек го каснала змија, а тој се одмаздил така што и самиот ја гризнал и ја убил змијата.
 
Раџ Кумар се одморал во својот дом кога во куќата влегла змија и го каснала.
 
– Змијата го гризна. Се сврте, ја гризна и тој, и ја изџвака на парчиња – рекол неговиот татко Бабу Рам.
 
Семејството го одвела мажот во болница, а локалните медиуми наведуваат дека неговата состојба е критична.
 
– Ова е навистина чудно. И порано сум гледал случаи кога змија гризнува човек, но никогаш не сум видел човек да гризне змија и да ја понесе со себе во торбата – рекол докторот, пренесува „Ројтерс“.