Балкан
22. March 2019 - 20:47

Го нападна без причина среде улица во Базел: Старица (75) до смрт избоде дете (7) по потекло од Косово

Злосторството кои се одигра во Базел среде бел ден шокираше многу Швајцарци. Имено, старица (75) со нож го уби детето Мергим Л. (7) кој сам се враќал од училиште.

Старицата потоа отишла до паркот од каде контактирала со неколку луѓе и институции и самата се пријавила.

На детето, по потекло од Косово, на помош му притрчала учителката која од тука поминувала со велосипед, но на детето му немало спас.

Петер Гил, портпарол на канцеларијата на јавниот обвинител во Базел, не сакаше да открие убиецот кому точно му се јавил, туку само рекол дека се работи на утврдување на кого му испратила СМС.

Жената е швајцарски државјанин, а моментално е на психијатриски прегледи. Се смета дека убиството го извршила зошто била ментално нестабилна.

Се претпоставува дека таа воопшто не го познавала детето ниту неговото семејство.

Додека се чека било каков резултат од истрагата, граѓаните на Базел, ученици и соседи на детето положуваат цвеќе на местото каде настрада.

Неговите родители од Липљан се доселиле во Базел, а Мергим се враќал дома после наставата, кога, на само 200 метри од училиштето го нападнала старицата.