Живот
13. јуни 2018 - 22:57

Го кремирале, а тој година дена потоа се вратил дома: Сопругата се шокирала кога го видела мртвиот сопруг пред врата

Една Јапонка некој давеник го идентификувала како својот исчезнат маж, па се шокирала кога мажот, по година дена, дошол дома здрав и жив.

Токиската полиција денеска соопшти дека телото пронајдено во јуни 2017 година во една река било на друг исчезнат човек.

Тоа тело по „позитивната“ идентификација на жената и двајца роднини е предадено на нејзиното семејство, а дека тоа било грешка се утврдило овие денови кога жената ја известила полицијата дека нејзиниот исчезнат маж сепак се вратил дома.

Полицијата не соопшти каде бил тој цела година и што правел. Во меѓувреме пепелта од кремираното тело на давеникот ќе биде предадено на неговото семејство.

Полицијата се извини поради грешката и вети дека ќе преземе мерки вакви работи да не се повторат.