Го извадил бебето од прозорот на автомобилот, со едната рака го држел па нагазил на гаста - но тоа не е се!
Роман Афанасјев (31) од сибирскиот град Зеленогорск го донел своето 6-месечно бебе во голема опасност, и сето тоа го снимил и објавил на Јутуб.
Додека го возел БМВ-то, отворил прозор низ кој го извадил бебето и го држел со една рака, додека со другата рака го држел воланот на автомобилот.
Пред полицијата кажал дека своето бебе не го изложил на опасност, бидејќи само сакал да "биде како него и од ништо да не се плаши". Поради ова тој се соочува со три години казна затвор.
Неговата снимка предизвика бура од коментари на интернет. Луѓето го нарекуваат "лудак", "болен" и "будала".
Иако тврди дека "секогаш и се контролира" и дека ниедно од неговите деца не довел во опасност, неговото однесување го прифаќа и неговата жена Кристина, а двајцата за разговор со новинар барале голем паричен надоместок, иако се соочуваат со губење на старателството над своите деца.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени