Живот
28. January 2016 - 11:34

Го изневерила сопругот, а подоцна дознала дека е бремена - Неговата реакција го воодушеви светот!

Овој пар се познавал дури пет години, а четири бил во врска. Девојката од Источна Европа заминала на студии во Америка, а на факултет го запознала момчето и наскоро се преселила кај него.
 
Врската им била совршена, а планирале и свадба.
 
Еден месец пред венчавката дознале дека девојката е бремена, а тоа малку ги изненадило бидејќи премногу внимавале. Но, сепак не ја исклучиле можноста да направиле грешка.
 
Секако, ова им било мотив повеќе да продолжат да ја планираат свадбата.
 
Меѓутоа, по свадбата работите се промениле. Девојката почнала да се однесува чудно, се до денот кога му признала дека детето можеби и не е негово. Откако му го кажала тоа, не престанала да плаче и да го убедува дека премногу го сака, а тој и поверувал.
 
Му кажала дека премногу се кае за тоа што го сторила. Била на забава со другарките, таму се напила и спиела со едно момче, за кое не знае како се вика, а едвај памети како изгледа.
 
Тој побарал да направат ДНК тест, а таа се согласила под услов да не ја остави доколку бебето е негово. Му велела дека му признала се затоа што го сака, па тој поверувал и се согласил со нејзиниот услов.
 
Тестот, кој не бил евтин, покажал дека тој не е таткото.
 
Едниот дел во него знаел дека и двајцата неизмерно се сакаат, додека другиот не можел да поверува што му се случува.
 
Отишол во црква каде го молел Бога за помош, а таму му пришле постари луѓе кои го прашале што го мачи. Низ солзи им раскажал каков проблем има, но и покрај се дека се уште ја сака девојката. Мажот и жената го советувале да го задржи детето, ако навистина ја сака, бидејќи сега и е најпотребен.
 
И понатаму размислувал, а одеднаш го обземал внатрешен мир. Од тогаш поминале неколку години, а тој сега е во среќен брак и татко на прекрасно девојче кое наскоро ќе тргне во градинка.