Живот
18. March 2019 - 11:32

Го изгубиле синот единец, а потоа на погребот само што не умреле од шок: Детето починало, па се разбудило

Момче на возраст од 17 години итно е префрлено во болница, откако оживеало на сопственото бдеење.

Кумар Маравад месец дена бил во критична состојба, откако го каснало бесно куче. На несреќното момче инфекцијата му се проширила на целото тело, поради што трпел константна треска и потешкотии при дишењето.

Бидејќи лекарите не можеле да му помогнат, Кумар е испратен дома, каде многу брзо починал, а очајното семејство организирало погреб.

За време на последното простување од саканиот син, на само два километри од местото каде требало да се закопа момчето, еден роднина на тинејџерот збележал дека тој се мрда и дише.

Момчето потоа итно е префрлено во болница, каде зачудените лекари констатирале дека Кумар се изборил со инфекцијата. Случаите во кои мртов се разбудил се ретки, но се случувале во минатото.

Една средовечна Русинка се враќала два пати од мртвите, а првпат и било во мртовечницата каде била дури три дена. Во Полска еден пчелар доживеал фатален инфаркт, а потоа се разбудил кога го подготувале да го погребат.