Живот
3. May 2016 - 18:41

Го доведов семејството во Германија, им осигурав подобра иднина. Но...

Заминувањето од татковината не е лесно за повеќето иселеници. Зад себе го оставате семејството и пријателите и се што ви е познато, не е ниту малку едноставно.

Како се чувствува поради тоа што морал да замине од Хрватска сведочи 28 годишнниот Зоран. Имено вработен во градежна компанија во Франкфурт, во Германија живее во последните години. Од родната Копривница заминал поради недостаток на работа. Еве како се чувствува по 12 месеци во диаспората...

- Сте го донеле семејството во Германија, сте нашле стан, наоѓате и работа и сега на влезната врата од вашиот стан ставате еден симболичен натпис „Home sweet home“. Во истиот момент чувствувате една голема среќа и радост зашто сте успеале да започнете некој нов живот, некоја подобра иднина, сметате дека на децата сте им осигурале лагоден живот, поголеми можности, подобра егзистенција.

Но, во другиот момент чувствувате страв, лутина и тага. Сте мора да ги напуштите сите пријатели, браќа и роднини. Сте морале да побегнете од вашиот дом само затоа што сте морале да преживеете...

Страшно.

Зашто имаме држава во која најголем успех е да си отидете од неа? Не, не е крива само политиката, во голема мера криви се луѓето, граѓаните на таа држава кои не се борат доволно за да им биде подобро. Никогаш нема да биде подобро. Само полошо.

А јас не живеам за Хрватска туку за своето семејство...