„Го допрев мртвото бебе во ќесата“: Страшни детали од трагедијата која го крена регионот на нозе!
Србинката А.Т (22) која во осмиот месец од бременоста се породила во својата куќа, а мртвото новороденче го пронашла нејзината мајка под креветот, се наоѓа во стабилна состојба по интервенциите на лекарите.
Обдукцијата на новороденчето кое го родила А.Т покажала дека бебето е родено мртво. Според неофицијалните информации, направен е токсиколошки преглед на телото на бебето за да се утврди дали девојката земала некои препарат за намерно да се породи предвреме.
Девојката живее заедно со родителите. Мајката и девојката се невработени, таткото е во инвалидска количка поради тешките повреди на главата, а двајцата родители живееат одвоено бидејќи се разведени.
Нејзината мајка се присетува на кобниот ден и вели дека секогаш била тука за нејзината ќерка.
- Претпоставивме дека е бремена, со оглед на тоа дека е во сериозна врска со своето момче, секој час очекувавме да ни соопштат. Нејзиниот партнер е добро момче. Откако ќерка ми е во болница, тој воглавно е со нас. За жал, се уште не сум разговарала со ќерка ми бидејќи лекарите не ми дозволуваат поради нејзината здравствена состојба, - изјавила мајката.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс