Балкан
23. January 2016 - 11:24

„Го допрев мртвото бебе во ќесата“: Страшни детали од трагедијата која го крена регионот на нозе!

Србинката А.Т (22) која во осмиот месец од бременоста се породила во својата  куќа, а мртвото новороденче го пронашла нејзината мајка под креветот, се наоѓа во стабилна состојба по интервенциите на лекарите. 

Обдукцијата на новороденчето кое го родила А.Т покажала дека бебето е родено мртво. Според неофицијалните информации, направен е токсиколошки преглед на телото на бебето за да се утврди дали девојката земала некои препарат за намерно да се породи предвреме. 

Девојката живее заедно со родителите. Мајката и девојката се невработени, таткото е во инвалидска количка поради тешките повреди на главата, а двајцата родители живееат одвоено бидејќи се разведени. 

Нејзината мајка се присетува на кобниот ден и вели дека секогаш била тука за нејзината ќерка. 

- Претпоставивме дека  е бремена, со оглед на тоа дека е во сериозна врска со своето момче, секој час очекувавме да ни соопштат. Нејзиниот партнер е добро момче. Откако ќерка ми е во болница, тој воглавно е со нас. За жал, се уште не сум разговарала со ќерка ми бидејќи лекарите не ми дозволуваат поради нејзината здравствена состојба, - изјавила мајката.