Фудбал
20. August 2020 - 10:07

Гнабри e вториот Германец кој постигна двa гола во полуфинале на ЛШ

Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Серж Гнабри, синоќа постигна два гола во полуфиналето на Лигата на шампионите против Лион (3:0).

Дваесет и петгодишниот играч стана вториот Германец двоен стрелец на еден полуфинален двомеч.

Претходно во сезоната 2012/13, тоа го стори уште еден играч на Баерн, Томас Милер. Тој постигна два гола против Барселона (4:0).

Во финалето во Лигата на шампионите, Баерн ќе игра против ПСЖ. Натпреварот ќе се одржи на 23 август.