Loading Video...
Ф1
29. September 2018 - 18:26

ГН Русија:Пол позиција за Ботас

Неизвесна трка најави за утре пилотот на Мерцедес Валтери Ботас кој забележа најдобро време на квалификациите за утрешната трка во Сочи каде се вози ГН на Русија од шампионатот во Ф-1. 
Финецот беше одличен на патеката и водеше битка за  најдобро време на еден круг со светскиот првак Хамилтон победувајќи го за 145 илјадинки и го испрати на втората стартна позиција. 
Понатаму на вториот грид се редат  Фетел и раиконен.  Пријатно со својот настап изненадија Кевин Магнусен и Естебан Окон кои го запоседнаат ретиот ред.
Хамилтон иако втор на стартот има убава можност за нова победа и ќе стартува со 40 бода предност во однос на Фетел.