Ф1
13. April 2019 - 19:42

ГН Кина: Пол позиција за Ботас

Пилотите на Мерцедес извозија доминантни квалификации и завршија на првите две позиции на патеката во Кина.

Од првото место на утрешната трка ќе стартува Валтери Ботас кој беше најдобар во завршницата и заслужено ја освои пол-позицијата. Зад себе го остави клупскиот колега Луис Хамилтон кој до последните моменти од квалфикацискиот циклус беше на врвот.

На третото место се пласира Себастијан Фетел од Ферари, а четврти заврши младиот Чарлс Леклерк.