ГМО ориз и соја пронајдени на пазарот во Македонија | Сител Телевизија
Бизнис
9. August 2018 - 16:22

ГМО ориз и соја пронајдени на пазарот во Македонија

Ориз и соја со ГМО се пронајдени од Агенцијата за храна и ветеринарство. Семето на оризот кој бил произведен во Кочани е со непознато потекло. Агенцијата во моментот испитува од каде дошло таквото семе и кој го произведува.

Соините трошки и шницли на компанијата „Виталија“ кои биле увезени од Србија веќе биле во продажба, но откако било констатирано дека имаат ГМО, серијата од 510 килограми веднаш била повлечена од маркетите.

Од компанијата тврдат дека продуктите на Виталиа се произведени согласно високите европски стандарди и европските регулативи за квалитет и како такви се извезуваат во 55 земји ширум светот.

Сојните презли и шницли потекнуваат од компанијата „Соја Протеин“ кој е најголема фабрика за обработка на соја во Србија со капацитет од 250 илјади тони годишно, се вели во дописот од компанијата.

Во Европската унија е дозволено косумирање на храна со ГМО, но нејзиното присуство треба да биде истакнато на декларацијата. Слично било и во Македонија до 2015. година, кога е донесена одлука да се забрани производството со ГМО до влегувањето на Македонија во ЕУ.

Агенцијата за во иднина најавува засилени контроли.