Глутници бездомни кучиња и пред зградата на општина Тетово-жителите бараат помош за безбедно движење
Тетовци и пред зградата на општина Тетово секојдневно се среќаат со голем број бездомни кучиња, па алармираат дека не можат безбедно да се движат. Ова посебно важи за утринските часови кога одат на работа или носат деца во училишта и градинки.
-Глутници кучиња наутро има и пред зградата на општина Тетово, а се случува да лаат и да се движат кон нас. Пријавив во Јавното комунално претпријатие, но нема рекација. Од кучињата ни до продаваница не може да се оди, вели револтирана жителка на Тетово која ни испрати фотографии од пред зградата на општината каде се гледаат поголем број бездомни кучиња.
Во мај во соработка со приватна ветеринарна ординација Општина Тетово по пат на јавен повик започна со работа прифатилиште за кучиња, но се третирале животните само во период од помалку од два месеци, односно до крајот на јули. Од ветеринарната станица информираат дека добиле 600 илјади денари средства на располагање со кои се третирале 84 кучиња. Кај дел од нив била спроведена еутаназија поради болеста лишманија, а дел од нив добиле стерилизација, кастрација, вакцини против беснило и слично.
Од тетовската локална самоуправа на почетокот на октомври одговорот е дека во иднина ќе се работи на проблематиката.
-Општина Тетово има предвидени средства за објавување на вториот тендер за згрижување на кучињата скитници во општината, а истиот се очекува да биде објавен за еден месец, се вели во одговорот од Канцеларија за комуникации и односи со јавност општина Тетово.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка