Глобалното затоплување открива тела на настрадани планинари
Поради глобалното затоплување се топат глечерите на Монт Еверест и се откриваат телата на настраданите планинари, кои останале затрупани во снегот и мразот.
Речиси 300 планинари настрадале во обид да се искачат на тој врв, а се верува дека две третини од телата се уште се покриени со снег.
Со почетокот на пролетната сезона на планинарење, телата од кинеската страна на планината се преместуваат на север.
– Симнавме тела на некои планинари, кои настрадале во последниве години, но сега се појавуваат постари, кои останале закопани во снегот, изјави поранешниот претседател на непалското планинарско здружение Анг Черинг Шерпа.
Експертите наведуваат дека трошоците на симнување на телата на починатите планинари се меѓу 40.000 и 80.000 долари.
Повеќе од 4.800 планинари досега се искачиле на Мон Еверест.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море