Свет
27. јуни 2017 - 9:14

Глобални социјални мрежи се обединуваат во онлајн борба против екстремизам и тероризам

Социјалните медиуми Фејсбук, ЈуТјуб, Твитер и корпорацијата Мајкрософт соопштија дека формираат светска работна група во која ќе обединат напори за отстранување терористички содржини од своите платформи.

Создадениот Глобален интернет форум за борба со тероризмот, „ќе оформи структура со постоечки и идните сфери на соработка меѓу нашите компании и ќе насочи соработка со помали технолошки компании, групи од цивилно општество и научници со влади и наднационални органи како ЕУ и ОН“, се вели во декларација на компаниите.

Тие најавуваат споделување технички средства за поништување на терористички содржини како одговор на притисок од влади во Европа и САД во врска со зачестените терористички напади.