Македонија
8. August 2018 - 16:19

Глобален Индекс за ропство 2018: Во Македонија има 18.000 лица кои живеат во услови на современо ропство

Речиси 9 лица на илјада македонски државјани се робови, покажува Глобалниот Индекс за ропство, изработен од Обединетите нации и Фондацијата Walk Free. Со 18.000 лица кои живеат во во услови на присилна работа, должничко ропство, присилен брак и детски труд, Македонија се наоѓа на третото место на листата земји од Европа и Централна Азија. Во оваа група пред нас се само Туркменистан и Белорусија.

Во однос на мерките кои што се преземаат за подбрување на ваквата состојба, оценката за нашата Влада е дека се преземаат соодветни чекори за намалување на ваквата појава. 

„Владата ги спроведува клучните компоненти на сеопфатен одговор на некои форми на модерно ропство, пружа услуги за поддршка на жртвите, има силен одговор на правосудните органи, има докази за координација и соработка и заштита за ранливите популации. Владите може да почнат да се справуваат со проблемот на ропството во постапките поврзани со јавни набавки или кај деловни субјекти на нивна територија. Може да постојат докази дека некои владини политики и пракси може да ги криминализираат и/или резултатите при депортација на жртвите“, се наведува во појаснувањето за оценката.

Резултатите од извештајот на светско ниво, покажува дека повеќе од 40 милиони во моментов живеат во некој вид ропство, а најмногу во Азија и Африка. 71 процент од современите робови се жени, додека 29 отсто се мажи. На прво место на листата на држави, каде што живеат најголем број на робови е Северна Кореја.

Истражувањето покажало дека во Европа современото ропство најмалку се толерира, како и дека властите брзо носат соодветни закони против таквите појави.

Бранислав јанески за Сител ТВ