Глобален индекс на мир: Зголемен број судири во светот по избувнувањето на пандемијата
Нивото на конфликти во светот се зголеми по избувнувањето на пандемијата, се наведува во годишниот Глобален индекс на мир, што денеска беше објавен во Лондон од Институтот за економија и мир.
Извештајот, што ја проценува состојбата во 2020 година, покажува дека конфликтите ширум светот се зголемуваат по деветти пат во последните 12 години.
Основачот на институтот, Стив Килеле, наведува дека за тоа е виновна пандемијата.
-Иако вкупните нивоа на конфликт и тероризам се намалија во 2020 година, политичката нестабилност и насилните протести се зголемија, рече Килеле.
Според него, економското влијание на пандемијата ќе создаде дополнителни неизвесности, особено во земјите кои веќе се бореа пред пандемијата. Обновувањето, најверојатно, ќе биде многу нерамномерно, што може да предизвика натамошно продлабочување на пукнатините.
Генерално, Глобалниот индекс на мир, меѓу јануари 2020 и април годинава, регистрира повеќе од 500 насилни настани поврзани со пандемијата.
Во 25 земји имаше повеќе протести отколку порано, додека во само осум земји категоријата се подобри.
Најлошо е во Белорусија, Мјанмар и Русија, каде властите насилно вршат притисок врз протестите.
За време на набљудуваниот период дошло до нагло зголемување на граѓанските немири во САД и тоа не само поради пандемијата, туку делумно и поради растот на движењето „и црните животи се важни“ и упадот во американскиот Капитол во Вашингтон во јануари.
Спротивно на тоа, стапката на убиства, смртни случаи од тероризам и перцепција на криминал значително опадна во голем број земји низ светот, иако ситуацијата значително се разликува од една до друга област.
Во Авганистан, Бразил, Јужна Африка и Мексико, на пример, повеќе од половина од населението продолжува да изјавува дека насилството е најголем ризик за нивната безбедност во секојдневниот живот.
Во извештајот се наведува дека Авганистан е најмалку мирољубивата земја во светот, следен од Јемен, Сирија, Јужен Судан и Ирак.
Од друга страна, Исланд повторно е на врвот како најмирна земја и на тоа место е од 2008 година.
Како регион, според индексот, Европа е и најмирољубива, но и тука е зголемена политичката нестабилност.
Глобалниот индекс на мир опфаќа 99,7 проценти од светската популација и ја проценува ситуацијата врз основа на 23 квалитативни и квантитативни индикатори групирани во три области – тековни конфликти, безбедност и милитаризација.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово