Македонија
12. December 2018 - 16:32

Глетката по убиството на бабата грозоморна, насекаде локви крв и исцртани крстови

Истражителите кои го вршеа увидот раскажуваа дека глетката била грозоморна. Во собата имало локви крв, а на ѕидовите исцртани крстови. Го видов А.Р. кога го изнесуваа полицајците со лисици на рацете. Изгледаше како да направил херојско дело. Насмеан и со лисици излезе од куќата, раскажува за „Вечер прес“ младо момче кое се затекнало на самото место во моментот кога го изнесувале А.Р. од куќата.

Драчевци се уште живеат во шок по грозоморното убиство што се случи во куќа на улицата “Антон Димов” кога во понеделникот А.Р. (20) ја усмрти неговата баба 66-годишната Г.Н.. Нему му е одреден 30-дневен притвор, а обвинителството ги чека наодите од обдукциониот протокол за да се утврди дали со сигурност момчето ја убило бабата со нож или пак, биле преземени други дејствија. Се прибираат и други докази со цел за целосно расветлување на случајот.

Според првичниот увид на вратот на жената имало исекотини, но дали тие настанале од ножот што го употребил А.Р. или пак ја усмртил со нешто друго, допрва ќе се утврдува.

-Неофицијално дознаваме дека А.Р. бил со психички проблеми и се лекувал во една од психијатриските болници, објави порталот.

Куќата во која живее семејството по грозоморното убиство е празна, и се уште ја обезбедува полицијата бидејќи увидот и натаму трае.

-По убиството, родителите на момчето заедно со нивниот брат се отселиле и како што неофицијално дознаваме моментно живеат во станот на убиената, пишува порталот.

Жителите од улицата се згрозени и вчудовидени од она што се случило. Велат дека се работи за мирно и повлечено семејство кое ретко контактирало со нив.

Децата се однесуваа чудно, но не правеа никакви проблеми – вели една повозрасна жена. Бабата која не живеела кај нив честопати доаѓала во куќата за да им помага.

“Ги изгледа, им направи куќа, а потоа ја убија” – коментираат драчевци.

Според неофицијални информации А.Р. прво ја исекол бабата со нож, а потоа почнал да и го гризе гркланот.

“Истражителите кои го вршеа увидот раскажуваа дека глетката била грозоморна. Во собата имало локви крв, а на ѕидовите исцртани крстови. Го видов А.Р. кога го изнесуваа полицајците со лисици на рацете. Изгледаше како да направил херојско дело. Од куќата излезе насмеан – раскажува младо момче кое се затекнало на самото место во моментот кога го изнесувале А.Р. од куќата.

Неофицијално, тој веднаш по настанот, сам се пријавил во полиција, каде го признал делото, и ги раскажал деталите.

Пред неколку месеци на црквата „Свети Спас” во Драчево беа испишани и сатанистички симболи и пентаграми на храмот, а потоа беа убиени и животни покрај написите со сатанистички пораки.

Иако случаите беа пријавени во полиција засега не е откриено кој ги испишал сатанистичките пораки ниту пак кој ги убива животните во такви ритуали и внесува немир меѓу населението.

Сатанистите ширум светот се познати по своите шокантни ритуали кои содржат многу крв, оргии, жртвување, танцување и обожување на ѓаволот како врховна сила. Мачат животни пред да ги заколат, а потоа ја пијат нивната крв. Во име на “господарот” се жртвуваат и луѓе. Веруваат дека крвта од срцето кое чука, е почиста од било која енергија.