Живот
9. March 2018 - 17:04

Глетка која остава без здив: Истражувачите нурнаа на километар длабочина во Јужниот океан, погледнете како тоа изгледало

Телевизиската емисија Planet Earth поззната по своите прекрасни снимки од природата кои оставаат без здив. 
 
Овој пат, истражувачкиот тим е со најновата подморница нурнаа во длабочина од 1.000 метри во Јужниот океан. 
 
 
Во новата епизода која е снимена за BBC истражувачите го снимиле океанскиот живот и биолошката разноликост на коралните гребени. Водачот на тимот рекол дека подморниците можат да нурнат и до длабочина од 3.200 метри. 
 
 
Видливоста од самата подморница била неверојатна. 
 
- Никој од нас не очекуваше дека ќе најдеме нешто претерано добро, но останавме запрепастени од количината на живот кој го пронајдовме во длабочините на Јужниот океан, рекол Тејлор и даде интересно споредување - во еден квадрат од Јужниот океан има повеќе живот отколку на Големиот корален гребен во Австралија , кој е најголем на светот.