Свет
15. January 2018 - 12:26

Глетка која никогаш не сте ја виделе: Вака изгледа кога го бањаат мртвиот Ленин

Иако знаеме дека телото на Владимир Илич Ленин е балсамирано и се наоѓа во мавзолејот на Црвениот плоштад во Москва, сепак не можеме да замислиме дека секоја години редовно го бањаат.

Телото на Ленин се извлекува од под непробојното стакло и се бања во посебна хемиска смеса која спречува распаѓање, а после овој третман му се навлекува нов костум.

Според некои податоци трошоците за „медицинските и биолошките работи за одржување на Лениновите тело“ изнесуваат 13 милиони рубљи (околу 190.000 евра) годишно. Како изгледа бањањето на Ленин го сними руската телевизија, а тоа што ќе го видите изгледа вознемирувачко.

Кога Ленин почина во јануари 1924 годинам никој не планираше трајно да го зачува телото. Така  познатиот професор по медицина Алексеј Абрикосов, која ја изврши обдукцијата врз телото, ги исече главните артерии.

-Подоцна рече дека не би го направил тоа да знаел дека телото ќе се балсамира, изјави Алексеј Јурчак, професор по социјална антропологија на Калифорнискиот универзитет.

По обдукцијата телото на Ленин било привремено балсамирано, за да се спречи разградувањето додека четири дена лежело во отворен ковчег покрај кој поминале околу 50.000 луѓе. Бидејќи доаѓале луѓе од сите краеви, владата го преселила телото во привремен мавзолеј на Црвениот плоштад, а бидејќи било многу студено, телото на Ленин и натаму добро се држело. По 56 дена, кога времето се затоплило, советските официјални лица одлучиле трајно да го зачуваат телото.

Така кон крајот на март 1924 година професорот од Харков Владимор Воробјов и биологот биохемичар Борис Збарски го балсамирале телото. Всушност првобитно било планирано да се замрзне и веќе била добиена дозвола за набавка на апаратура од Германија, но подоцна сепак е одлучено двајцата советски научници да извршат хемиско балсамирање.

И покрај бројните сомнежи, кога мавзолејот на Црвениот плоштад конечно повторно е отворен за посетителите на 1. август 1924 година, сите биле задоволни од изгледот на Ленин, а и ден денеска привлекува голем број луѓе од целиот свет.

Последните години често можат да се слушнат барања телото на Ленин да се погребе по христијанска традиција, иако Комунистичката партија остро се спротивставува на овој потег.

Според последното истражување кое е спроведено во април минатата година, се покажа дека најмалку 58 отсто од граѓаните на Русија подржува погреб на Ленин, додека мавзолејот според нивното мислење би требало да остане.